Тес Стимсон доаѓа во Македонија

Тес Стимсон, авторката која ја разбранува македонската јавност со својот прв роман „Во канџите на неверството“ доаѓа во Македонија.

 Скопје (13.10.2014) Култура и БС букс повторно изненадуваат со необична прес конференција.

 

Конференцијата ќе се одржи на 20.10.2014 година во 11.00 часот на ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ –Република Македонија во вид на предавање од страна на авторката. Авторката ќе зборува како да станете писател и за влијанието на пишаниот збор врз човекот. Предавањето ќе го искористи да ја промовира својата нова книга „Клуб на прељубници“ на македонски јазик и да размени мислења со своите обожаватели. Обожавателите на Тес Стимсон ќе можат да се дружат и во вторник на 21.10.2014 во 12.00 часот во книжарницата Култура на плоштад Македонија.

Овој роман би требало да има предупредување „Не ја земајте во раце ако имате работа“. Тес Стимсон се надмина себеси со овој роман.

Тес Стимсон повторно ни носи супериорна приказна за аморалот и страста. Одличен роман кој ќе предизвика дебата за неверството во вашето друштво, роман што ќе ве натера да изберете страна.

Николас е грижлив сопруг – згоден адвокат за бракоразводни парници кој ја обожава својата жена и трите ќерки. Сара Каплан е совршена заводничка – сексипилна млада адвокатка која е уморна да биде осамена. Малинче Лион е совршена сопруга – и понатаму убава, писателка на популарни готвачи и мајка на три прекрасни ќерки.

Николас кој е луд по својата жена, сосема неочекувано започнува да мечтае по Сара. Таа почнува да кокетира и да си подигрува со него, а Малинче почнува да се соочува со сопствените предизвици. Од скапите лондонски клубови до живописните англиски предели во внатрешноста, тоа што започнало како моментална физичка привлечност сега во целост излегува од контрола. Некогаш среќно оженет човек и две сосема различни жени ќе дознаат како е кога ќе се исполнат најсмелите желби и кога секој од нив ќе го добие она што го заслужува.

 

Ова е неверојатно искрена приказна полна со емоции.

13.10.2014 - 16:08


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа