Елизабета Канческа-Милевска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Белгија во Софија, Аник ван Калстер, која е надлежна и за Република Македонија.

Канческа-Милевска и Ван Калстер на средбата разговараа за односите во областа на културата меѓу двете земји и се согласија дека е потребна поголема размена на проекти и уметници кои би учествувале на фестивалите во Македонија и во Белгија, како и поголема директна соработка меѓу институциите во двете земји. Исто така, во насока на зацврстување на културните врски, беше разгледана и можноста за потпишување правен документ со кој формално би се регулирале односите во областа на културата меѓу Македонија и Белгија. Министерката за култура подвлече дека потпишувањето на еден ваков документ ќе придонесе за развивање на меѓусебните односи, за поголема соработка во областа на културата, но и за поголема комуникација меѓу уметниците и институциите.

На средбата, министерката за култура ја запозна амбасадорката и со инвестициите на Владата на РМ и на Министерството за култура, како и за соработката во сите дејности во културата.

13.10.2014 - 14:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа