Жак де Тоуф: Тодоров има визија за унапредување на здравствениот систем

Доктори од најреномираните медицински центри ширум светот постојано доаѓаат во Македонија, а нашите медицински кадри одат на обуки во странство што говори за успешноста на владиниот проект. Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска потпиша меморандум за соработка со претседателот на еминентната фондација Health Care Belgium,  доктор Жак де Тоуф.

-Станува збор за проект кој се спроведува на високо ниво, со целосна поддршка на здравствените власти во Македонија и вклученост на Министерот за здравство. Македонскиот министер за здравство има визија за унапредување на здравствениот систем, изјави претседателот на фондацијата Health Care Belgium, д-р Жак де Тоуф.

Присутниот претставник на Health Care Belgium, кардиохирургот д-р Дидие де Каниер, истакна дека министерот за здравство на Република Македонија вложи многу за претставување на инвазивната кардиохирургија, а воедно ја постави кардиохирургијата како една од приоритетните области за развивање на меѓусебната соработка.  

13.10.2014 - 14:07
Фото: 
курир


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега