Македонски доктори ќе се обучуваат во Белгија

Македонски доктори ќе се обучуваат во еминентни медицински центри во Белгија. За ова денеска информираше министерот за здравство, Никола Тодоров.

-Особено ќе се фокусираме на следните медицински области: кардиохирургија, гинеколошка онкологија, трансплатација, лапароскопска хирургија, анестезиологија, неврологија и неврохирургија, радиологија и радиотерапија, како и интерна медицина, педијатрија, ортопедска хирургија, офталмологија, дерматологија и други области, рече Тодоров.

Белгиските доктори кои ќе пристигнат во Македонија, ќе обучуваат свои колеги во повеќе Медицински Центри ширум Македонија, со цел да се разменат вештини за зголемување на квалитетот на здравствената услуга.

Претседателот на групацијата од 7 универзитетски болници, Jacques De Toeuf истакна дека ова ќе биде плодна соработка. 

Македонските доктори ќе учат нови методи со кои ќе им помагаат на пациентите.

13.10.2014 - 13:32


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа