Шербеџија: Првиот дел од „Ослободувањето на Скопје“ ќе се снима во Велес

Првата дел од филмот "Ослободувањето на Скопје" ќе се снима на 31 октомври во Велес, најави режисерот Раде Шербеџија.

-Започнуваме во Велес на 31 октомври, близу Стариот мост. Првата сцена која ќе ја снимаме е трка на веслачи помеѓу германски и бугарски војници. Го подготвуваме теренот, се градат трибините за публиката, бараме статисти", изјавил Шербеџија.

Во Велес се снима околу 10 дена, а потоа се продолжува во Битола. Најавено е дека филмот ќе се снима еден месец. 

13.10.2014 - 12:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега