Вкусни пити многу забава и музика - Велес живееше во знакот на Питијадата

Општина Велес им се заблагодарува на сите велешани за личниот придонес што го дадоа во реализацијата на 11-тата по ред Велешка питијада или Фестивал на пити и вино 2014. 

Овие три дена вкупно го посетија повеќе од 50 000 граѓани од Македонија, од кои половината околу 25 000 само во саботата. Во сите три дена на Велешката питијада 54.600 пити и 16,7 тони вино. Ова се податоци од 22:00 часот. Бројката не може да биде прецизна затоа што питијадата траеше до 24:00 часот, а во овие податоци не се вкалкулирани питите и виното од рестораните кои во сите три дена во продолжено работно време работеа со полн капацитет.

-Уште еднаш им честитам на велешани на одличната организација и гостопримство и потенцирам иако станува збор за манифестација на која се точи и продава вина, се помина во одличен ред и без  инциденти. На крај им благодарам на граѓаните од улица „Благој Ѓорев" за трпеливоста заради изменетиот режим на сообраќај и зголемината бучава. Годинава Велес, Питијадата ја преобрази од локална во национална манифестација. Останува во годините што следат да останеме на оваа позиција и да вложиме напори манифестацијата да ја направиме уште поубава, истакна Мартин Мајсторов, портпарол на општина Велес.

38 спонзори и донатори ја поддржаа Питијадата.

13.10.2014 - 11:59


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега