Темератури скоро до 30 степени - неделна временска прогноза

Во Македонија во понеделник во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб ветер со променлив правец. Mаксималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 28°C. УВ индекс 4.

Во вечерните часови повторно ќе има појава на слаба магла.

Во Скопје во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Mаксималната дневна температура до 26°C. УВ индекс 4.

Во вторник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 27°C. УВ индекс 4.

Во вечерните часови ќе има појава на слаба магла.

Во среда во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во доцните попладневни часови зголемување на облачноста. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21°C односно до 28°C.

Во четврток во Македонија ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 20 км/ч, а во западните предели ќе дува засилен југозападе ветер со брзина и до 40 км/ч. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 17°C до 24°C.

Во петок ќе биде претежно облачно со кратки сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16°C односно до 23°C.

Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч, а во западните предели ќе дува умерен северен и североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури од 18°C до 25°C.

Неделата ни носи претежно сончево и ветровито време со пад на утринските температури. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5°C до 12°C, а дневните температури ќе се движат во интервал од 16°C до 23°C. 

13.10.2014 - 11:44


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега