„Ало докторе“: Телефонот не престанува да ѕвони

На телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ во изминативе два дена со пресек до 22 часот имало вкупно 323 повици.

-На сите граѓани кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија, информираат од ЈЗУ Здравствен Дом- Скопје.

Повиците за кои ја повикале линијата 15123 се најчесто за медицински совет во врска со крвниот притисок, покачена телесна температура и респираторни симптоми предизвикани од променливите временски услови.

Денес др. Аспазија Софијанова- директорка на Клиниката за детски болести ќе биде дежурна во кол центарот „Ало докторе“ од 18 до 22 часот.

Утре, за медицински совет од 18 до 22 часот ќе биде достапен директорот на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби проф.др.Звонко Миленковиќ.

13.10.2014 - 10:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега