Иванов ќе ги прими акредитивите на амбасадорите на Турција и на Шпанија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Турција и на Кралството Шпанија во Република Македонија.

Акредитивните писма на претседателот Иванов ќе му ги предадат Омур Шолендил, новоименуваниот амбасадор на Република Турција и Рамон Абароа Каранса, новоименуваниот амбасадор на Кралството Шпанија.

13.10.2014 - 09:24


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа