Се испитува точната старост на Охридското Езеро

Охридското езеро е најстаро во Европа. Ова го потврдија последните истражувања на италијанските научници вршени од албанска страна. Но овој податок не е новост. Резултатите од нивните анализи се поклопија со истражувањата на германските научници лани.

Првите резултати го потврдија фактот дека езерото е старо повеќе од 1,2 милиони години но истражувањата за точно утврдување на староста се уште траат. Така да во наредниот период попрецизно ќе се одреди староста на Охридското езеро,  вели Сузана Патчева директор на Хидробиолошки институт Охрид, пренесе Курир.

Аналогно на староста Охридското  езеро се разликува со  карактеристичен жив свет.

„Се одликува со бројни ендемични форми ги има некаде преку 200 видови и бројни  реликтни форми тоа се  архаични облици растителни и животниски кои потекнуваат далеку од минатото“, вели Патчeва.

12.10.2014 - 14:50


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа