ФОТО: Над 20.000 лица уживаа со вкусна пита во Велес

 

Сите патишта вчера водеа кон Велес. Масовна посетеност беше забележана на велешката питијада која започна во петокот, а ќе заврши вечерва со настапот на Александар Тарабунов, Дани Димитровска и Нон-стоп. 

Според проценките, над 20.000 лица присуствуваа синоќа на вториот ден од манифестацијата и уживаа во пита пастрмајлија и црвено вино, како и забавата која јка приредија „Прљаво казалиште“, „Ареа“, како и ѕвездата од „Икс Фактор“ Маид Хечимовиќ.

Меѓу присутните вчера беше забележан и светски познатиот актер со македонски пасош, Раде Шербеџија, кој го почасти Велес со своето присуство на питијадата. 

12.10.2014 - 14:22
Фото: 
курир


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега