Подигнување на јавната свест за лицата со оштетен вид

По повод „Меѓународниот ден на белиот стап“, хуманитарната асоцијација „Светот на дланка“ и „Pink Support MK’’ денеска во Градскиот парк во Скопје организираат настан за подигање на јавната свест за потребите на лицата со оштетен вид.

Ќе бидат поставени два промотивни штанда со информативни материјали и ќе се одржи кратка трка во должина од еден километар на селектирани патеки околу „Школката“. Предвиден е и настап на македонски естрадни ѕвезди.

- Целта на настанот е да се подигне јавната свест за потребите на лицата со оштетен вид, што би се постигнало преку отворање простор за разговор, споделување искуства и лични приказни и заедничка рекреација на посетителите на Градскиот парк, изјави претседателот на хуманитарната организација „Светот на дланка“ Гоце Радевски.

12.10.2014 - 11:19


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега