Меѓународен ден на артритисот

Мојата порака до артритисот, е мотото под кое денеска Невладината организација за ревматизам и артритис - НОРА  ќе го одбележи Светскиот ден на артритисот - 12  октомври.

Со одбележувањето на овој ден се зголемува свеста за живеењето со хроничните ревматолошки заболувања и им се дава поддршка на лицата кои страдаат од овие заболувања.

Од НОРА најавуваат дека ќе објават прв едукативен прирачник на македонски јазик за лековите и видовите терапии кај ревматолошките заболувања. Истражувањата на невладината организација покажале дека пациентите имаат минимално познавање за лековите кои се користат и тешко ги следат протоколите за лекување и насоките од докторите. Поради недоволната информираност за тоа како делуваат лековите, пациентите имаат недоверба во терапиите кои се достапни, одбивност и страв од лекот, што често резултира со прекинување на терапијата.

Со џебниот прирачник за различни групи на лекови, напишани на јазик разбирлив  за пациентите, според НОРА, ќе им се поттикне самоувереноста за терапиите и ќе им се овозможи поуспешно третирање и справување со ревматолошките  заболувања.

12.10.2014 - 10:29


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега