Вељаноски ја свика првата седница за пратенички прашања

Собранискиот спикер Трајко Вељаноски  за 30 октомври ја закажа првата седница за пратенички прашања во новиот парламентарен состав, откако поминаа сто дена од формирањето на последниот владин Кабинет.

За поставување пратенички прашања се свикува посебна седница и тоа последниот четврток во тековниот месец. На седницата задолжително присуствуваат претседателот и членовите на Владата и други носители на јавни функции за кои е најавено дека ќе им се постави прашање.

Согласно измените и дополнувањето на Деловникот од 2010 година редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.

12.10.2014 - 10:25


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа