Не пријавил 80.000 евра - спречен шверц на границата кај Свети Наум

Едно лице е уапсено, а уште петтмина се осомничени за шверц преку граничниот премин Тушемиште-Свети Наум. Акцијата на полицијата следела откако жител на село кај Подградец не пријавил сума од 80 илјади евра на преминот на албанска страна, а тоа го сторил само на преминот од македонска страна.

- Лицето А.Ч.(41) жител на селото Бучимас кај Подградец е уапсено на граничниот премин Тушемиште, на албанско-македонската граница кај Подградец,  откако при влез во Албанија не пријави дека со себе носи 80 илјади евра, за кои постои сомение дека се стекнати од криминални активности, потврди полицијата во Корча, од каде наведуваат дека лицето парите ги пријавило само на македонската страна од преминот.

Обвинителството од Корча, како што пишуваат медиумите во Албанија, води истрага за потеклото на парите. Од полициската истрага произлегле неколку траксакции и други банкарски сметки со значителни износи на пари, кои се „заработени од криминални активности“.

Истрага се води за уште најмалку пет лица од Подградец и околината осомничени дека биле вмешани во недозволена трогвија со разна стока преку овој премин. Не се отфрла можноста истрагата да се прошири и на македонска страна.

10.10.2014 - 19:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега