Алонсо: Десет сантиметри ме делеа од смртта

Возачите на Формула 1,  Фелипе Маса и Фернандо Алонсо  сметаат дека ФИА, треба сериозно да размисли за затворени болиди во иднина заради се почестите несреќи на трките во најбрзиот циркус на денешницата. 

-За мојата несреќа тоа би било совршено. Што се однесува на несреќата на Жил, не сум сигурен дека ќе му помогнеше. Но, за многу типови на несреќи во Формула 1 и во другите автомобилистички натпреварувања, тоа би било идеално решение. Треба да искусиме нешто слично за да видиме дали е тоа позитивно или негативно , изјави Фелипе Маса

Возачите се особено загрозени кога еден од колегите целосно ќе ја загуби контролата за време на силно сопирање и како торпедо ќе удри во други болиди. Опасен беше инцидентот во Белгија во 2012 година, кога Грожан полета и се судри со низа болиди, а тогаш за малку ќе настрадаше Фернандо Алонсо

- Најверојатно ќе загинев ако само за десет сантимети поблиску поминеше над мојата глава. Најголемиот број на несреќи последниве неколку години се на главата. Станува збор за дел од телото кој не е 100 % сигурен. Доколку постои технологија која би можела да ја заштити главата на пилотите, тогаш болидите би требало да имааат покрив. Зашто да не се размислува за тоа ?, изјави Алонсо.

10.10.2014 - 14:12


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега