Твин Пикс: По 25 години конечно ќе дознаеме што се случи со Лора Палмер

Нови девет епизоди од славната серија „Twin Peaks“ режирал Дејвид Линч.

Американскиот режисер Дејвид Линч вчера ги израдува љубителите на култната телевизиска серија „Twin Peaks“ со најава за нејзино враќање на малите екрани во 2016 година, 25 години по емитирањето на последната епизода.

„Драги пријатели на Твитер... it is happening again“, објави Линч на популарната друштвена мрежа, под видеото со Лора Палмер, со знакот Добредојдовте во Твин Пикс со лого на телевизиската мрежа „Showtime“ и 2016 година.

Авторите Дејвид Линч и Марк Фрост ги напишале и продуцирале сите девет нови епизоди кои се случуваат во сегашноста и на страствените обожаватели на серијата ќе им ги понудат долго очекуваните одговори.

10.10.2014 - 09:22


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега