Адријана Лима ја откри неостварената желба

Бразилската убавица Адријана Лима откри дека не сакала да биде топ модел кој ги освојува срцата на мажите ширум светот.

За ноемвриското издание на „Вог“ Лима вели дека модата никогаш не ја интересирала, туку мечтаела да биде лекар.

-Додека растев, не знаев ништо за облеката, креаторите и модните магазини. Сон ми беше кога ќе пораснам да студирам медицина. Не знам што се случи, па станав модел, вели бразилската убавица.

09.10.2014 - 17:41


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега