ФОТО: Заборавете на ледениот предизвик- ова е новото лудило кое го зафати Холивуд

Новата манија зафати многу познати личности, како Наоми Кемпбел, Хју Грант и многу други.

Ледениот предизвик замина во историјата, а сега доаѓа повик за будење. Имено, најновото лудило кое го зафати Холивуд подразбира познатите да фотографираат наутро веднаш штом ги отворат очите и таа фотографија да ја објават на друштвените мрежи, сето тоа со хаштаг #WakeUpCall.

Секако, овојпат имаат обврска да донираат финансиски средства за децата во Сирија и да предизвикаат тројца свои колеги.

Засега се одзваа неколку славни, меѓу кои и Стивен Фрај, Том Хидлстон, Наоми Кемпбел и Хју Грант. 

09.10.2014 - 14:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега