Се менува времето: Од утре пролетни температури и сонце низ Македонија

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а попладне со повеќе сончеви периоди особено во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и релативно топло време. Во одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла.

07.10.2014 - 13:55


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа