Тодоров: Со екстерно во високото образование државата наоѓа механизам за идентичен квалитет

На медицинскиот факултет студентите веќе полагаат екстерни тестови на крајот на втора и четврта година високо образование. Ова го истакна Никола Тодоров, поранешен министер за образование и наука на Република Македонија.

-Медицината не е исклучок, да го земеме пример и градежништвото. Дали некој би сакал да живее во зграда каде статичарот завршил на некој факултет за кој не може да се гарантира нивото на квалитет? Државата мора да најде механизми да обезбеди релативно идентичен квалитет и релативно идентично ниво на знаење и вештини на сите универзитети во Македонија, истакна Тодоров.

Актуелниот министер за здравство ова го истакна како коментар на предлог измените во Законот за високо образование, каде се предвидува освен основците и средношколците екстерно да бидат тестирани и студентите.

07.10.2014 - 12:34


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега