Цеца: Ми се гади од тетоважите на син ми

Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ откри дека последното нешто што ја извадило од кожа кога се нејзините галеничиња во прашање е новата тетоважа на нејзиниот син.

Фолкерката вели дека ја нервира тоа што нејзиниот син повторно се нашол под иглата на еден белградски тату мајстор и вели дека таа е голем противник на таквиот начин на украсување на телото.

"Ми се гади од тетоважите на син ми. Не ми се допаѓа што го украси телото со уште една тетоважа. Противник сум на тоа, но тој го сака и ги следи светските трендови. Искрена да бидам, не сакам ни да му ја видам тетоважата. Знам дека еден ден сигурно ќе се зажали заради тоа и ќе сака да ја отстрани", рекла Цеца.

07.10.2014 - 10:30


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега