Седум децении од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска со свечен собир ќе се одбележи 70-годишнината од објавувањето на првата поетска книга на македонски јазик во слободна Македонија, стихозбирката „Песни“ од Ацо Шопов (1944).

Собирот ќе го отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за литературно-историските аспекти на „Песни“ од Ацо Шопов ќе зборува Соња Стојменска Елзесер.

По повод одбележувањето на овој значаен книжевен датум издавачката куќа „Сигмапрес“ објави фототипско  издание на книгата „Песни“ од Ацо Шопов. Реализаторот на овој оригинален издавачки проект, Маја Бојаџиевска, ќе има искажување на тема „Седумдесет години подоцна“.

07.10.2014 - 09:58


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа