Алкалоид со обновен сертификат од агенцијата за лекови на Романија

„Алкалоид“ доби нов сертификат за Добра производна пракса (GMP) од Националната агенција за лекови и медицински помагала при Министерството за здравство на Романија, по извршената инспекција во погонот за производство на полусинтетски цефалоспорини.

Ова е петта инспекција на погонитена „Алкалоид“од страна на романските авторитети, што претставува уште една потврда за највисоките европски стандарди што компанијата ги применува во секојдневното работење, а се основа за стекнување и одржување на авторизациите за пласман на своите производи не само во Европската Унија, туку и пошироко.

Соова „АлкалоидАД“ Скопје се потврдува како високо професионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологиии деловни стандарди, сè со единствена цел - квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.

07.10.2014 - 10:01


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега