Попоски во посета на Црна Гора

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на потпретседателот и министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Игор Лукшиќ.

Посетата е во контекст на одличните билатерални односи меѓу двете земји и има за цел да даде дополнителен импулс за развивање на соработката во стопанството и економијата. Предвидено е министерот Попоски да оствари средби со целокупниот државен врв на Црна Гора, а воедно и да одржи предавање на тема „Европските интеграции на Република Македонија и Западен Балкан“ на Правниот факултет при Државниот универзитет на Црна Гора, соопштуваат од МНР.

На средбите е предвидено да се дискутира за билатералната соработка  со акцент на економијата, туризмот и странските инвестиции, но се очекува да се направи осврт на регионалната соработка и соработката на двете земји во контекст на интеграцијата во Европската Унија и НАТО Алијансата. 

07.10.2014 - 09:12
Фото: 
денешен


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега