Петата сезона на "The Walking Dead" е најамбициозна досега

Новата, петта сезона на популарната серија "The Walking Dead" е „најамбициозна до сега“, рече извршната продуцентка, Гејл Ен Херд.

Херд наведе дека новата сезона, што почнува на 12 октомври ја „подигна скалата“ како за ликови, така и за самата серија.

- Рик Грајмс се согласи за улогата на начин на каков што не е виден во другите сезони. А тоа влијае и на неговите односи со групата. Исто така, снимивме најамбициозни епизоди, кога станува збор не само за акција, туку и за нивото на емотивната тежина на сите ликови, истакна Херд.

Таа, исто така, рече дека новата сезона ќе се фокусира на пошироката група која повторно се собра и нивното патување назад кон градот.

- Серијата поголемиот дел од времето беше сместена во рурално опкружување. Но, во грмушката, никогаш нема да го најде лекот за зомби апокалипсата. Сега се на мисија да влезат во она што ние го викаме “Градот на мртвите“, рече Херд.

- Не само дека тоа е тешко поради многуте „шетачи“, туку таму има многу повеќе места каде нивните непријатели можат да се кријат. Колку и вложувањата биле високи до оваа сезона, сега се дополнително зголемени, рече таа.

Херд нагласи дека личните жртви ќе имаат значителна улога во новата сезона, покрај борбата на јунакот да преживее.

- Мислам дека во оваа сезона нашите јунаци многу се жртвуваат за да преживеат и да го пронајдат лекот, додаде Херд.

06.10.2014 - 18:56


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега