ФОТО: Ова не се гледа често- Бекамови уловени во романтичен момент

Славната двојка Викторија Бекам и Дејвид Бекам докажа дека и тие може да изгледаат преслатко.

 

Викторија Бекам најчесто изгледа строго и сериозно, но сега докажа дека и таа умее да биде слатка и насмеана. Славната дива на својот Инстаграм профил објави фотографија на која нежно го бакнува својот сопруг Дејвид Бекам во образ.

 

Викторија го придружуваше Дејвид на настанот кој го организирал Haig Club, британски алкохолен бренд со кој поранешниот фудбалер лансираше сопствено виски.

„Мојата прекрасна сопруга Викторија ми се придружи во Шкотска на вечера со Haig Club. Ни беше супер“ се пофали славниот фудбалер на својот Фејсбук профил.

 

 

Со овие фотографии докажаа дека и понатаму се заљубени како од првиот ден.

06.10.2014 - 12:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа