Се отвори скопскиот жиголо: За 1300 денари, на Македонките им исполнувам фетиши цел час

Ако ви го откријам моето име и презиме ќе ми се уништи животот затоа што луѓето имаат предрасуди за мојата работа.Ова се зборовите со кои 28-годишно момче од Скопје, кое веќе неколку години заработува од давање сексуални услуги, започна да раскажува за Телеграф.мк како е да се биде машки ескорт во Македонија.   Вели дека заработката од работа како машки ескорт зависи од посветеноста, како и во секоја друга професија. Ако има доволен број клиенти, заработувачката ќе биде поголема.  - Има месеци кога баш секојдневно работам, но некогаш едноставно не ми се работи и правам пауза. Имам клиенти кои редовно, со години, доаѓаат кај мене, за нив цената е пониска. Инаку, цените се од 1.500 до 3.000 денари за еден час и во зависност од тоа што сака клиентот. Во последно време многу клиенти имаат одреден тип фетиши и тоа секогаш го наплаќам повеќе, иако во тие сесии не ни има секс во буквална смисла. Во Македонија сум немал клиент кој ме побарал, т.е. платил за цела ноќ, мислам дека е така поради финансиската состојба на поголемиот дел од Македонците. Па така, кога сум кажал цена за цела ноќ, никој досега не ја прифатил, работам со клиенти на кои им давам услуга за еден час и поретко за неколку часа, раскажува соговорник за Телеграф.мк. Сексуални услуги кај него бараат и мажи и жени.  - Искрено, сум имал клиенти и од женски пол или пак парови. Но, мислам дека мажите во Македонија се сексуално пореализирани и поопуштени од жените– објаснува момчето

05.10.2014 - 22:39

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега