Да, заљубена сум - Беквалац се отвори на Facebook

Српската пејачка Наташа Беквалац се отвори на социјалната мрежа Фејсбук, напиша текст кој беше наменет за енјзиниот сакан.

- "Мојот живот не е совршен, а не сум совршена ниту јас. Немавте никакви обзири спрема мене кога минував низ пекол во животот, ви беше важно да ја фотографирате најболната гримаса на моето лице и успеавте во тоа. Немавте обзир кога сакав да си помогнам самата на себеси и кога застанав пред сите вас и си ја отворив душата и срцето. Наместо да ме поддржите, вие ме нарековте лажга. Сега сум заљубена и сакам еден маж. Тој е најдобрата личност која што сум ја запознала во животот. Не сакам да зборувам за него по медиумите, не сакам да се сликам со него за насловни страници, не сакам да одам со него на јавни настани. Сепак, тоа не е причина да го понижувате и секогаш кога ќе ви недостасува приказна, да пишувате за нас двајца и нашите наводни раскинувања и помирувања. Немојте да го правите тоа. Дозволете ми да живеам мирен живот зад сцената, а кога сум на неа слободно газете ме", пишала пејачката.

04.10.2014 - 15:03

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа