„Јас гинев за нив, а тие ми зарија нож во грб“ - позната пејачка раскажа за своето минато

Српската пејачка Сека Алексиќ си ја отвори душата и прозборе во јавноста за своето минато и за односите со нејзиното семејство.

- Не можам да не се нервирам заради тие обвинувања, бидејќи мојата кариера досега не ја одбележал ниту еден скандал. Меѓу другото, ако ништо не те потресува, тогаш каков човек можеш да бидеш? Многу ми е непријатно тоа што го читам во весниците за мене и тешките обвинувања од најтесниот круг на семејството. Многу боли кога некој близок ќе ти зарие нож во грбот, но со помош на сопругот, мајка ми, брат ми, свекрва ми, свекор ми и добрите пријатели некако го надминувам тоа. Ветер во грбот ми даваат и моите фанови, кои преку социјалните мрежи се обидуваат да ме заштитат. Се трудам целата таа ситуација да ја надминам достоинствено, најдобро што знам и умеам, а олеснителна околност е тоа што многумина знаат од каква личност, од какво човечко суштество доаѓаат овие обвинувања. Јас гинев и рака во оган ставав за целото мое семејство, а поединци вака ми враќаат", рекла фолкерката.

04.10.2014 - 11:55

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега