Руските полицајци пристигнале да го затворат борделот, се опијаниле со проститутките

Припадници на руската полиција направиле рација во бордел, но место да ги уапсат проститутките, тие пиеле алкохол со нив.

Полицијата на почетокот од неделава извести за голем успех во разбивањето на проститусијата во Русија, но во јавноста се појави снимка од безбедносната камера, на која се гледа дрското и непрофесионално однесување на полицајците.

Тие употребиле сила врз клиентите на борделот, иако тие не покажувале никаков отпор.

Потоа полицајците во работната соба почнале да пијат со проститутките. Прво почнале да консумираат пиво, за да продолжат со вотка.

На крајот биле толку пијани што не можеле да се договорат кој ќе вози до дома.

Видеото од инцидентот погледнете го на следниов линк.

03.10.2014 - 15:07

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега