Средба Попоски - Заоралек: Чешка и дава континуирана поддршка на Македонија

Република Чешка и дава континуирана и принципиелна поддршка на Република Македонија во поглед на зачленувањето во ЕУ и НАТО, констатирале на денешната средба во Прага шефот на македонската дипломатија Никола Попоски и неговиот чешки колега министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек.

- Министерот Заоралек ја потврди чешката поддршка за што поскоро и безусловно отпочнување на пристапните преговори на ЕУ со Македонија според веќе применетиот пристап на паралелно одвивање на преговорите за членство во ЕУ и надминување на билатералната разлика со земја-членка, истакнал Заоралек, соопшти МНР.

Двајцата министри изразија взаемно задоволство од нагорниот тренд во развојот на севкупните билатерални односи во изминатите 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, а ги разгледаа и модалитетите за зајакнување на традиционалните партнерски и пријателски врски меѓу двете земји и двата народа.

Во тој контекст, двајцата ја потенцирале заемната посветеност за нивно натамошно продлабочување и унапредување, пред се во делот на економско – трговската соработка, културната, здравствената, како и соработката во областа на образованието и во рамките на регионалните иницијативи.

Министерот Попоски е дел од македонската делегација која престојува во Прага во рамките на официјалната посета на премиерот Никола Груевски на Чешката Република. 

03.10.2014 - 11:45
Фото: 
денешен

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега