Деветнаесет години од атентатот врз Киро Глигоров

На денешен ден, пред 19 години беше извршен неуспешен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Тој се здоби со тешки повреди на главата. Неговиот возач Александар Спировски загина на лице место, а беше повреден и телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.

Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. 

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

03.10.2014 - 11:13

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега