Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше!

Интернационалниот Тоше Проески фан-клуб форум, повторно ќе го одбележи 5-ти октомври, како ден на кој познатиот македонски пејач пред седум години го имаше својот последен и најуспешен концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ ќе почне во 19:30 часот, со емитување на видео спотови на Тоше, а од 20 па се до 22:30 часот ќе бидат емитувани концертни настапи на Тоше, на плоштадот „Карпошово востание“.

03.10.2014 - 10:39

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа