Навивач на Тотенхем си го додаде името на стадионот

Навивачот на Тотенхем Гери Лејн на своето име и презиме го додаде името на стадионот на неговиот клуб „Вајт Харт“ и сега ќе се вика Гери Вајт Харт Лејн.

На тој начин овој 55-годишен навивач на „Спарси“ ја истакнал својата бескрајна љубов кон клубот кого го следел уште од својата 15 година.

- Тоа се случува кога одите на натпревари повеќе од 40 години. Морав да го искористам тоа што се презивам Лејн. Се ми се поклопи. Сепак, кога на мојата мајка и кажав за мојата одлука таа скоро да се онесвести, рече Лејн.

02.10.2014 - 15:06

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа