Еве колку чинеше венчавката на Амал и Џорџ Клуни

Во цената на венчавката вклучена е и цената на водените такси, забавата покрај базенот и хотелските соби со пет ѕвезди.

Четиридневната венчавка на Џорџ Клуни и Амал Аламудин во Венеција, која вклучуваше и раскошни коктел забави, вечери во хотелите со пет ѕвезди и раскошен прием пред самото веначвање, чинеше околу десет милиони евра.

Повеќе од 100 гости, меѓу кои и холивудските ѕвезди како што се Мет Дејмон, Сандра Булок и Синди Крафорд, во Венеција уживаа во луксузот што за нив беше подготвен.

Фустанот на невестата го дизајнираше познатиот креатор, Оскар де ла Рента.

Во цената на венчавката се вклучени и водени такси кои гостите ги превезуваа до разни локации и до хотелот, каде беа сместени.

Клуни во Венеција со авион пренесе сандаци од сопствената текила, а гостите добија Ајподови со омилените песни на младенците.

Меѓутоа, не е познато кој на крајот ја плати сметката.

Италијанските медиуми шпекулираат дека целата церемонија ја платил таткото на невестата. Рамзи Аламудин, пензиониран професор од Американсиот универзитет во Бејрут.

Но, сосема е сигурно дека неговиот зет, еден од најплатените актери во светот, покрил одреден дел од трошоците.

02.10.2014 - 11:34

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега