Том и Џери обвинети за расизам

Јунаците на популарната серија цртани филмови за мачорот Том и за глувчето Џери, се обвинети за расизам, откако најновата оценка за оваа класична серија заклучи дека во определени сцени од филмовите, има елементи на „расни предрасуди“.

Вакво предупредување веќе е ставено за најновата генерација претплатници на Амазон Прајм инстант видео.

Причината за ваквата оценка се „расните стереотипи“ при описот на домот во кој живеат Том и Џери, каде домашната помошничка секогаш е афро-американка.

Според толкувањето на Амазон, ваквата „предрасуда“ (дека домашната помошничка најчесто е црна жена), едно време беше општо прифатено во американското општество.

Првиот цртан филм со овие двајца јунаци е прикажен во 1940 година,во продукција на холивидската компанија МГМ. Авторите на цртаните филмови, Вилијам Хана и Џозеф Барбера правеа филмови за мачорот и глувчето до 1957 година, внимавајќи тие секогаш да бидат дел од амбиентот на тогашната Америка, живеејќи во предрградие, со пространа куќа и градина.

Беа направени повеќе од стотина вакви филмови кои се уште се популарни кај децата, но и кај возрасните.

Првата забелешка за „расизам“ е регистрирана уште шеесетите години на 20 век, кога филмовите почнаа да се прикажуваат и на телевизија, по што некои од филмовите беа наново монтирани.

Подоцна, Том и Џери беа обвинувани и за пушењето, како и за „насилството“ што тие го применуваат, еден, кон друг, во текот на нивните палави игри.

Дел од социолозите и тогаш, а и сега, по повод најновото обвинување, сметаат дека ваквите критики многу често се претерани.

Според нивното мислење, денешните генерации ја знаат историјата, па им судат на лугето и нивните постапки врз основа на сегашните вредности, затоа и етикетата за расизам, овие социолози, ја опишуваат како „лажна правоверност“.

01.10.2014 - 17:54

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа