Кристина Ковач си замина од Србија

Кристина Ковач деновиве стана актуелана во медиумите поради нејзината објава на Фејбук дека се откажува од својата родена сестра Александра. Како што пренесуваат српските медиуми. таа од медиумите побегна во Норвешка. 

Кристина неколку години по ред извесен период годишно престојува на северот на Европа, каде што пишува песни за изведувачи од Азија. Иако е далеку од Србија, Кристина ги следи објавите на локалните медиуми.

- Драги новинари, мојот единствен осврт на вашата работа во последните два дена ќе биде мала исправка- ни во еден момент не го избришав постот за Александра за кој пишувате. Би ве молела да не ми додавате години. Се уште имам 39 години, веќе месец дена – напиша Кристина во своето обраќање до медиумите.

01.10.2014 - 12:19

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега