Австрија ги забранува симболите на Исламска држава

Предлог-законот за забрана на употреба на симболи на терористички организации, како Исламска држава и Ал каеда во јавноста, е предаден на разгледување во австрискиот Парламент.

Согласно предлогот, секој кој не го почитува законот и носи симболи на ИД на јавно место му се заканува казна до шест недели затвор.

Законот, кој во Парламентот го достави на разгледување министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер, како што се истакнува, не е насочен против верските обележја. 

Симболите како што се знамиња, ознаки или амблеми на ИД, т.е. на Ал каеда, како и групации блиски на тие терористички групи во иднина ќе бидат забранети во Австрија, порачуваат претставници, додавајќи дека е забрането и користење на Интернет.

Предлог-законот, за непочитување, предвидува казна во висина од 4.000 евра, односно до еден месец затвор. Оние кои повторно нема да го испочитуваат законот, ќе бидат казнети со 10.000 евра, односно до шест недели притвор.

29.09.2014 - 10:15

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега