Нови детали за вчерашното породување во Чаир: Го родила четвртото дете - ниту едно не се родило во болница

Скопјанката која вчера се породи во дворот на Гинекологијата во Чаир и нејзиното новороденче се чувствуваат добро, дознава Press24 од извори во болницата. Според нашите информации, вчерашната рожба и била четврта и ниту едно дете не се родило во болнички услови. Скопјанката првите три деца ги родила дома и со нив воопшто не била на лекар. За четвртото дете успеала да стигне до пред болницата, но детето, повторно се родило пред таа да стигне до породилната сала. 
Извори меѓу лекарите кои сакаат да останат анонимни велат дека таквите трудници се голем проблем за болниците. Жената воопшто немала лекарски прегледи во текот на целата бременост. Кога таков пациент ќе дојде во болницата, лекарите имаат проблем да ја стават во породилните поради опасноста да внесе некоја инфекција. И бебето кое се родило вчера не е во иста соба со останатите деца, бидејќи лекарите мора да извршат прегледи поради опасноста да се внесе некоја бактерија во болницата.

Вчера Press24 ексклузивно објави декја жена се породила на бетонот пред болницата во Чаир. 

Фотографиите погледнете ги тука

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Жена се породила пред болницата во Чаир - детето паднало на бетонот

29.09.2014 - 10:09

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега