Чешка сака да гради фабрика за производство на прачки за нуклеарно гориво

Чешка би можела да изгради фабрика за производство на прачки за гориво за нуклеарни централи, со цел да ја зголеми својата енергетска независност, најави чешкиот заменик-министер за индустрија и трговија Павел Шолц.

- Тоа е всушност само хај-тех фабрика, која на прецизен начин складира апчиња во прачка од квалитетен материјал и тоа го имаат практично сите земји, кои имаат нуклеарни централи, додаде Шолц.

Останатиот дел од синџирот за производство на нуклеарно гориво, кое Чешка нема да го обезбедува сама, е покриен со меѓународни договори. Според Шолц, поголемиот капациет е во стабилните земји како САД и Австралија.

Министерството за индустрија го заврши ажурирањето на националната енергетска политика, која, меѓу другото, предвидува изградба на два нови нуклеарни блока, во атомските централи Темелин и Дуковани, со оглед на тоа што нуклеарната енергија е единствениот извор кој може да обезбеди резерви за неколку години однапред.

Доколку се најде политичка волја, предложениот концепт може да биде изгласан до крајот на оваа или почетокот на идната година. 

29.09.2014 - 09:54

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега