Го начекал додека излегувал од такси - го изрешетал со пиштол а потоа му пукал во главата

Додека излегувал од таксти, убиен е  шефот на подземјето во Крушевац, Србија. 37 годишниот Горан Обрадовиќ Суша застрелан е со повеќе истрели пред сопствената зграда. Како што јавуваат српските медиуми, убиецот откако го погодил со повеќе куршуми, му се доближил и му испукал еден куршум во тилот.
Веднаш бил префрлен во болница, но веќе не давал знаци на живот.
Обрадовиќ во последните неколку години важел за водач на крушевачкиот мафијашки клан.
Пред две години бил осуден на 4 години затвор поради грабеж во обложувалница, но пресудата се уште не станала правосилна.

29.09.2014 - 09:40

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега