Македонија дел од европската Недела на движење

Во наредната недела Македонија ќе биде дел од глобалната Недела на движење (MOVE WEEK 2014). Станува збор за годишен настан кој се организира ширум Европа и кој ќе трае до 5 октомври. Ваквото движење има за цел да ги промовира придобивките од активно рекреирање и редовни физички и спортски активности низ Европа.

Од денеска до 5 октомври Македонија ќе биде дел од глобалната Недела на движење (МОVE WEEK 2014), годишен настан кој се организира ширум Европа.

Неделата на движење и Now we move кампањата се координирани од страна на Интернационалната асоцијација за спорт и Култура (ISCA) и Европската велосипедска федерација (ECF).

Во Македонија координатор на активностите е Граѓанската асоцијација за рекреативно движење – ГАРД.

Неделата на движење е финансиски поддржана и од Европската унија.

29.09.2014 - 09:37

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега