40 Хути загинаа во самоубиствен напад во Јемен

Околу 40 припадници на шиитското бунтовничко движење Хути во Јемен вчера загинаа откако бомбаш-самоубиец активира автомобил-бомба во болница, која била користена од бунтовниците како база.

Нападот бил извршен во провинцијата Мариб, источно од главниот град на Јемен, Сана.

Одговорноста за нападот ја презеде Ансар ал Шарија, јеменски огранок на Ал Каеда.

Припадниците на Хути воспоставија контрола врз Сана пред една недела по неколкудневните борби со борците лојални на сунитската партија Ислах.

29.09.2014 - 09:31

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега