Италијанско-македонски семинар „Работејќи за Европа.ком“

Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска и утре организира Италијанско-македонски семинар насловен „Работејќи за Европа.ком“.

Како што соопштија организаторите, на семинарот ќе се третираат теми од европските јазични политики, европското граѓанство и европските културни модели, дигиталната ера и граѓанството во 21-от век, сликата на Европа во македонската литература...

Во реализација на семинарот ќе учествуваат седуммина професори од Универзитот „Католика дел Сакро Куоре“ од Милано и професори од Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Семинарот претставува дел од активностите на Италијанската амбасада по повод актуелното претседавање на Италија со ЕУ.

29.09.2014 - 09:34

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега