Охриѓанец се радуваше викендов: Нова добивка на Лото

Последното издание, 78то коло на Новолото кое се емитуваше на Сител Телевизија  во саботата на  27.09.14,  уште еднаш внесе многу возбуда кај играчите, посебно кај еден од нив.

Имено ова коло ни донесе нов  среќен добитник, овојпат на добивката 6+1 вредна 303.796,00 денари. Kомпјутерскиот систем лоцираше дека уплатата на среќното Новолото ливче е извршена на 26.09.14 во продажното местоГоричко КДН ДООЕЛ.  Добитникот уплатил 2 комбинации НОВОЛОТО, се заедно 30 денари. Добивката е постигната во првата комбинација.

Само за потсетување, годинава имавме уште тројца добитници на оваа премија. Во месец февруари, гостиварчанец кој сакаше да остане анонимен, беше добитникот на премијата 6+1, вредна 475.411,50 денари во 14то коло,  а во април го иамвме вториот среќен добитник на оваа добивка. Имено 27 коло емитувано на 02.01.14 го донесе добитникот на добивката 6+1 вредна 509.724,50 денари. Третиот добитник го добивме пред еден месец, поточно во 67 коло кое се емитуваше во август. Добитникот  од ова коло, своето среќно Новолото ливче го уплатил во Охрид.

 

 

29.09.2014 - 09:24

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега