СКАНДАЛ: Министер и праќал непристојни фотографии на 20 годишна девојка

Владата на британскиот премиер Дејвид Камерон ја тресе секс скандал поради што неговиот министер за цивилно општество Брукс Њумарк (56) поднел неотповиклива оставка. Њумарк влетал во замка на репортерот на Сандеј Мирор, кој преку интернет му се претставил како млада партиска активистка, со која по краток разговор за тенис и за политика, преминал на размена на сексуално експлицитни фотографии.

Наводно, самиот министер почнал приватна комуникација со репортерот, кој на Твитер отворил профил под лажно име Софи Витамс. Во описот на профилот стоело дека Софи е пи-ар девојка која работи за Конзервативната партија и дека е блондинка и има „20 и нешто години“.

Во текот на разговорот, Њуман, татко на пет деца и испратил на Софи фотографија од себе облечен во пижама додека го покажува половиот орган.

- Мораш да се заколнеш дека нема да ја покажеш фотографијата на никој затоа што и јас ветувам дека нема да ги покажам твоите. Ок?, напишал министерот во една од пораките. Во другите пораки тој и кажувал во какви пози да се слика за него. Во текот на викендот, репортерот кој лажно се претставувал му испратил СМС порака сомнувајќи можен состанок. Откако редакцијата на Сандеј Мирор го известила премиерот дека планира да ја објави приказната, настанала паника во кабинетот на Камерон, по што Њумарк веднаш поднел оставка.

29.09.2014 - 09:10

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега