Дете преживеа пад од 16 спрат

Шестгодишно дете од Русија преживеало пад од 16 кат, но се наоѓа во тешка здравствена состојба, објавија руските медиуми

Детето, наводно, паднало  низ прозорот кое сакало да ги види своите родители, кои претходно го оставиле само во станот. Тоа се лизнало и паднало на автомобил  паркиран пред зградата. 

Родителите изјавиле дека го оставиле детето само, за да ја пречекаат бабата која била измамена од улични крадци. Детето изјавило дека затоа сакало да види што се случува долу на улицата. Тоа земало стол и се искачило на прозoрецот, но изгубило рамнотежа и паднало. 

29.09.2014 - 08:35

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега