Летото се враќа темературите до 30 степени - еве какво време не чека до крајот на неделата

Aко минатата работна недела студениот продор, облаците и повремените врнежи беа главно одличје на метео условите, оваа работна недела може да кажеме дека ќе помине во дијаметрално спротивни метео услови. По сончевиот и релативно топол понеделник, продолжува трендот на релативно топло и пријатно време, пишува сепцијализираниот портал за временска прогноза Метеопро

Вторник во најголем дел од денот ќе помине во пријатно и сончево време, со сосема слаб ветер.

Утрото ќе биде свежо, а минималната температура ќе има вредност во границите помеѓу 4°С и 11°С.

Максималната температура во последниот септемвриски ден ќе достигне вредност околу 23°С во северната половина на земјата, а во југозападниот регион околу 22°С. Најтопло, до 27°С ќе биде на југоисток.

Среда исто така ќе донесе суво и претежно сончево време. Утрото повторно ќе биде свежо, но за нијанса потопло од она во вторник.

Дневниот температурен максимум ќе биде сличен на оној од вторник, локално и за 1°С до 2°С повисок.

Четврток во најголем дел од денот ќе помине во претежно сончево време. Кон крајот на денот постепено ќе настапи наоблачување, но без изгледи за врнежи. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. 

Температурата во текот на денот ќе биде пониска во однос на среда за околу 2°С. Максималната температура ќе достигне вредност околу 22°С во северната половина на земјата, а во југозападниот регион околу 21°С. Најтопло, до 25°С ќе биде на југоисток.

Во петок ќе има позначително наоблачување, но со мала веројатност за слаби врнежи. Ќе дува претежно слаб североисточен ветер. 

 

Во однос на четврток, петок ќе има пониска дневна максимална вредност на температурата на воздухот за околу 2°С.

28.09.2014 - 23:47

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега