Кристина Ковач јавно се откажа од сестра и

На својот Фејсбук профил напишала статус во кој објаснува зошто го прави тоа, а како причина за нивните несогласувања го обвинува партнерот на сестра и Александра, кој јавно ја навредувал.   Кристина Ковач јавно се откажа од својата сестра Александра. Имено, таа на својот Фејсбук профил напишала статус во кој објаснува зошто го прави тоа, а како причина за нивните несогласувања го обвинува партнерот на сестра и Александра, кој јавно ја навредувал.  "Јас знам дека не и се допаѓам. Не и се допаѓа тоа што родив дете и ја запоставив кариерата. Најпрвин не и се допаѓаше што се омажив, а потоа што се разведов. Потоа и пречеше тоа што се здебелив. Моето дете има пет години, а исто како да нема тетка. Речиси цела година се немаме видено. Не можам да разберам како може мојата родена сестра да го поддржува својот партнер кој каде и да оди зборува лошо за мене. Тоа ме боли и не можам туку така да се помирам. Александра од мене се откажа во 1996 година, јас се откажувам од неа денес", стои во статусот на Ковач, која беше дел од првата сезона од жирито на Х-Фактор. 

28.09.2014 - 23:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега